Ниро е најновиот модел на Киа. Овој автомобил кој спаѓа во сегментот на субкомпактни СУВ дебитираше како концепт на саемот во Франкфурт во 2013 година. Тенденцијата на зголемена продажба на автомобилите од овој сегмент придонесе да од оваа година Ниро влезе во производство. Засега Ниро е достапен само со 1,6 литарски бензински мотор во хибридна верзија. Почетната цена почнува од 21 илјади фунти во Велика Британија.
Меѓу првите кој го тестираа овој модел на Киа беа токму CarBuyer од Велика Британија. Нивниот тест можете да го погледнете во продолжение.