Многумина го одредуваат 303 од 1933 година како првото БМВ. Ако се вратиме на почетокот на минатиот век, ќе видиме дека тоа не е сосема точно. Во 1927 година компанијата од Баварија започнува производство на 3/15 модел, а подоцна и 3/20 под лиценца на Остин.

Моделот е познат и како “Dixi” и е првиот на пазарот од марката, која за време на Првата светска војна го утврдува името, создавајќи едни од најдобрите авионски мотори за германската армија.

Моторот бил до 782 кубни цм и 20 коњски сили, а од 303 малку подоцна произлегува цела серија убави купеа, кабриолети и родстери 315/1 и 319/1.

По нив се појавува и митски спортски 328 Кабрио во 1936 година. Изработено со целосно нов 1.2-литарски шестцилиндричен мотор, врз основа на моделот 3/20, кој реално е срцето на компанијата, давајќи почеток на многу други по него, кој траат се до денес.