Има луѓе кои сметаат дека нема потреба да ги менуваат зимските и летни гуми и тоа е само маркетинг трик со кој ќе купите повеќе од еден комплет. Секако дека тоа не е точно. Други пак знаат дека зимата се вози со зимски, а летото со летни, но претпочитаат едноставно да ги стават зимските во доцна есен и да не се занимаваат повеќе со тоа до другата есен. Секако дека и тоа не е правилно. Но ако имате дилеми, еве ви шест причини:

  1. Летните гуми се направени од таква мешавина која работи при повисоки температури (над 7 степени). Тие можат да се движат на дожд, но не и мраз. Зимските исто ја одбиваат водата од површината, но ќе се истрошат прекумерно ако се возат на жежок асфалт. Покрај тоа шарите на летните се специјално направени да ја одбиваат водата и тоа го намалува ризикот од лизгање.
  2. Смесата на летните гуми е развиена за топлите улици и кривини, а во иста ситуација еден автомобил со зимски може и да ја изгуби контролата, особено во кривина.
  3. Летните гуми се дизајнирани за да обезбедат што е можно побрзо сопирање како и врз загреан асфалт, така и на влажен, благодарение на специјалната смеса на шарите.
  4. Летните гуми ќе ги подобрат вкупните перформанси и управувањето на возилото. Кај некои автомобили разликата нема да е многу значајна, но изборот на соодветна летна гума ќе ги гарантира максимално добрите работни карактеристики на автомобилот.
  5. Повеќето луѓе ги возат своите автомобили повеќе во текот на летото, и тие како што рековме погоре се подобри од зимските, а сега ќе ви дадеме уште една причина, која на некој им смета, но на некој и не, – зимските гуми семногу побучни од летните и само ќе ви го уништуваат задоволството од возењето.