Претседателот на Ферари и извршен директор на Фиат-Крајслер Серџо Маркионе изјави дека Ферари нема да го следи Мерцедес во Формула Е, но тоа може да го направи некој од другите брендови на Фиат – Масерати или Алфа Ромео.

Претседателот на мерцедес ТотоВолф фрли бомба во моторниот свет минатата недела, најавувајќи дека го напушта DTM шампионатот во насока Формула Е од сезоната 2019/20. Неколку дена подоцна во истата насока тргна и Порше.