Како се наближува првата трка од Формула 1 така се повеќе и повеќе конструктори го објавуваат новиот болид за новата сезона. По Haas, Alfa Romeo Sauber, William, Ferrari и Renault, и McLaren го презентираше новиот болид. MCL33 е називот на новиот болид и за разлика од претходните години кога беше опремен со мотор од Honda оваа година болидот на McLaren е опремен со мотор на францускиот производител Renault. Инаку најголема разлика во однос на претходните болиди е бојата на каросеријата. Така оваа година за прв пат во богатата историја на британскиот конструктор бојата на каросеријата ќе биде портокалово-сина.

Алонсо на премиерата на новиот болид изјави дека е многу возбуден и се надева дека ќе има добар и стабилен старт на новата сезона. И оваа година како и минатата зад воланот на McLaren F1 тимот ќе се најдат Фернандо Алонсо и Штофел Вандорн, а првата трка е закажана за 25 март кога на програмата е големата награда на Австралија.