Да ја избереме најубавиот (најдобриот) ALFA ROMEO автомобил во Македонија!

AutoKlub.mk организира Фејсбук натпревар за избор на најубавиот (најдобриот) Alfa Romeo автомобил во Македонија. Во овој натпревар може да учествува секој што поседува автомобил Alfa Romeo и е горд на истиот.
Се што треба да направите е да ни испратите во “Порака” фотографија од вашиот автомобил и следните информации:
 Име и презиме
 Модел на автомобилот
 Година
 Дополнително инфо (опционално, доколку сметате дека треба да споделите одредени информации поврзани со вашето возило)

Сите овие фотографии АутоКлуб ќе ги објави на својата Фејсбук страница, а победник ќе биде оној автомобил со најмногу добиено лајкови. Дополнително, AutoKlub.mk ќе распредели 20, 15 и 10 лајкови врз основа на сопствени критериуми.

За првите три места е предвиден следниот награден фонд.
 Фотосесија, тест на возилото и објавување на тест статијата на AutoKlub.mk, 10 литри гориво, мини пакет со авто галантерија, сертификат
️ Фотосесија, тест на возилото и објавување на тест статијата на AutoKlub.mk, 5 литри гориво, сертификат
 Фотосесија, тест на возилото и објавување на тест статијата на AutoKlub.mk, сертификат