Поседувањето на задолжителната опрема не само што придонесува за почитување на законите и избегнување на можноста за казнување туку придонесува и за зголемување на сопствената и општата безбедност во сообраќајот. Што се треба автомобилите и останатите превозни средства да поседуваат како дополнителна задолжителна понуда е пропишано во соодветниот закон за сообраќај. Според истиот како задолжителна опрема се наведува:

  • резервно тркало;
  • противпожарен апарат за гасење пожар;
  • знак за означување запрено возило на коловоз – сигурносен триаголник;
  • опрема за укажување прва помош (кутија за прва помош);
  • клинести подлошки;
  • чекан за кршење на стакло;
  • резервни сијалици и осигурачи;
  • јаже, сајла или телескопски лост за влек;
  • зимска опрема;
  • сигурносен-рефлектирачки елек;
  • сигурносни појаси и наслони за глава;
  • друга опрема

Во моторните и приклучните возила  (освен мопед, лесен трицикл, лесен четирицикл, мотоцикл, трактори, тракторски приколки, приколки со една осовина, автобуси за градскии приградски сообраќај и возила наменети за комунални услуги) треба да има резервно тркало со соодветна опрема која по потреба може да се употреби за демонтажа и монтажа.

Иако пред шест години беше донесен закон за задолжително сите возила да имаат по минимум еден противпожарен апарат за гасење пожар сепак истиот закон подоцна беше укинат па оттука остана обврската ваков апарат да поседуваат патничките моторни возила опремени за користење на алтернативни горива, возилата за јавен превоз, патничките автобуси како и товарните моторни возила. Патничките моторни возила немаат обврска за поседување на ваков апарат, но секако дека поседувањето е добро за општата безбедност. Во одредени земји како што е на пример Грција поседувањето на ваков апарат е задолжително за сите возила.

Задолжително за сите моторни возила е поседувањето на знак за означување на запрено возило на коловоз т.е. сигурносен триаголник. Задолжително е и поседувањето на опрема за укажување на прва помош, а исклучок од ова се мопедите, лесните трицикли и лесните четирицикли. Клинестите подлоѓк исе задолжителни за возила чија маса преминува пет тони, а пак чеканот за кршење на стакло е задолжителена опрема за сите автобуси.

Од периодот од 15 ноември па се до 15 март задолжително е поседувањето и на зимска опрема. Ова е пропишано согласно законот за безбедност во сообраќајот и тоа во членот 11 според кој:

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од четири mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возилата со погона на четири тркала (4 х 4) се подразбира:
– зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од шест mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, со минимум од најмалку четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег, и во случајот кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
– пневматици со летен профил на сите тркала со длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и – прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака:
„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во согласност со овој правилник, во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Во   моторните    возила,    освен   мопед,    лесен   трицикл,    лесен   четирицикл,     мотоцикл, трицикл и четирицикл треба да има сигурносен-рефлектирачки елек кој возачот треба го користи –   облече  кога   во  темнина  го  напушта  своето  возило,  кога   на  пат надвор  од населено место или автопат врши некоја работа покрај возилото (менува тркало, обавува помали поправки на возилото, ако налева гориво кога останал  без гориво, бара помош на пат  и запира други     возила   и др.). 

Како друга дополнителна опрема во законот се наведува: табла за означување на спори возила, табла за означување на тешки возила, табла за означување на долги возила и опрема на возила и возачи за превоз на опасни материи.