Студот, снегот и солта на коловозите се најголемиот проблем секоја зима за вашиот автомобил. Комбинацијата на овие атомосферски појави со активностите на градските власти и тоа како знаат да предизвикаат корозија на вашиот автомобил. Но како да го спречите ова? Во продолжение ви презентираме неколку совети кои мора да ги практикувате доколку сакате да го заштитите “здравјето” на вашиот автомобил.

Прв и основен чекор што мора да го практикувате е да го засолните вашиот автомобил во текот на ноќта односно деновите кога паѓа снег. Доколку немате гаража покријте го вашето возило со церада. Ова има за цел не само да го заштитите ваше возило од снегот туку едноставно го штитите од атмосферските влијание, а особено ризикот од замрзнување на вратите и метличките на брисачите.

Друг совет е парцијално перење на вашето возило. Тука особено треба да се наведе потребата од перење на фелните, гумите како и долниот дел од подот односно подвозјето.

Сепак најдобар совет е целосно и темелно перење на вашето возило. Повторно и тука треба посебно да се посвети внимание на виталните делови како што е ауспухот, подвозјето, амортизерите и нивната околина. На крајот не заборавајте да нанесете восок на вашиот автомобил кој не само што ќе му даде сјај туку ќе послужи и како заштита. 

Со темелното перење и тоа како ќе го заштитите вашето возило, а не само што ќе ги отстраните валканите делови туку ќе ја отстраните солта од каде доаѓа најголемата закана во зимскиот период.