BMW е најпребаруваниот авто бренд во Македонија. Според истражувањето на Top Speed, германскиот бренд е најгугланиот во Македонија како и во останатите земји од Балканот. На мапата во продолжение се прикажани најпребаруваните брендови во Европа, а како што може да се забележи токму BMW е најпребаруваниот во Европа. Убедливо на врвот покрај во Македонија, BMW се наоѓа и во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија, Австрија, Летонија, Азербејџан и Латвија. Покрај во овие земји BMW е популарен и во Германија, Албанија, Хрватска, Бугарија, Турција, Молдавија, Украина, Полска, Финска, Швајцарија, Малта, Андора, Белгија, Луксембург и Велика Британија. Од другите популарни брендови како најпребарувани во Европа ги изздвојуваме и Mercedes, Tesla, Toyota, volvo, Hyundai, Peugeot, Volkswagen…

ИЗВОР: topspeed.com