На непрописното паркирање му се надѕира крајот. Иновативното решение “Мачкина канџа” е решение за овој проблем кој особено кај нас е и тоа како присутен. Оваа направа покрај тоа што ќе го реши проблемот со непрописно паркирање ќе се користи и против терористичките напади кои во последните години се изведуваат со помош на тешки превозни средства.

А како функционира? Многу едноставно. “Мачкината канџа” се поставува на места каде што е забрането паркирање. При тоа на горната страна има поклопец кој се превртува кога на него ќе влијае тежина, во овој случај возила. Со самото превртување се отскрива т.н. мачкина канџа која има една единствена цел – да ја оштети вашата гума. Изумителот на оваа направа Јаник Рид потенцира дека оваа направа не е опасна за пешаците и велосипедистите бидејќи истата ќе реагира само кога врз истата ќе помине т.е. влијае тежина од неколку стотици килограми.

Оваа иновативна направа прв пат ќе биде применета во Велика Британија.