Двократниот F1 шампион Фернандо Алонсо во пресрет на новата сезона од Формула 1 изјави дека очекува неговиот McLaren во конкуренција на конструкторите да заврши меѓу најдобрите четири тимови, а со самото тоа и драстично да го подобри пласманот од минатата сезона кога заврши на 9. позиција.

“Треба да бидеме оптимисти” кратко изјави Фернандо Алонсо кој додаде и дека во текот на тестирањето се соочиле со неколку проблеми кои навремено биле отстранети. “Имаше некои проблеми во текот на тестирањето, но сето тоа е надминато. Целиот тим заврши фантастична работа во изминатите две-три недели и болидот сега е 100% спремно за трката во Австралија” додаде тој. 

McLaren во F1 нема забележано победа уште од 2012 година, а според F1 критичарите голем удел за тоа има и соработката со Honda во минатите три сезони кога McLaren на два пати заврши на 9. позиција и еднаш на 6. позиција во генералниот пласман.

Инаку претстојниот викенд започнува новата сезона од F1 кога е закажана и трката за “Големата награда на Австралија” која се вози на патеката во Мелбурн, а и оваа сезона Фернандо Алонсо ќе вози за тимот на McLaren.

ФОТО: f1i.com