Сите го гледаат и му се восхитуваат на крајниот производ, но не и неговиот креатор. Ова особено важи за светот на автомобилизмот каде сите ние се восхитуваме на одредени модели кои благодарение на нивниот дизајн и нивните перформанси стануваат дел од нашето срце. При тоа ние сите заслуги за одличниот дизајн му ги препишуваме на авто производителот, без при тоа да знаеме кој е најзаслужен и на кого всушност треба да му се “спушти главата”. Во продолжение на оваа статија ви го претставуваме Евин Лео Химел, најзаслужниот човек за изгледот на Audi во 90тите години.

Своите студии ги започнал на Универзитетот за Технологија во Грац каде студирал на департманот за архитектура. Во текот на втората година од своите студии тој читајќи списанија за автомобилизам се заљубува во истите и добива желба својата професионална кариера да ја гради во автомобилскиот сектор. Студирајќи на овој факултет тој во својот дом започнува да дизајнира автомобили и со сето свое портфолио на сопствени дизајни аплицира на неколку работни места во Германија. Благодарение на неговите одлични креации неговата апликација е прифатена од страна на Audi, Ford и Volkswagen. Веднаш по неговот прифаќање, тој го напушта факултетот и започнува да работи во Audi. Откако неговиот талент бил забележан од тогашниот директор за дизајн на Audi, Хартмут Варкус, тој веднаш му понудил стипендија на Кралскиот колеџ за уметности во Лондон. Химел веднаш ја прифатил и во 1981 година се здобил со титула “Магистер за дизајн”.

Неговата професионална кариера се дели на три дела: Audi, DCE и Fuore Design. Во Audi, официјално со работа започнува 1982 година, една година по неговото дипломирање во Лондон. Во 80тите години тој работи заедно со Мејс и Шрејер. Сепак на почетокот на 90тите години тој добива целосна доверба од врвниот менаџмент на германскиот производител откако претходно брилијаше со Audi Quattro Spyder на саемот во Франкфурт во 1991 година. Овој автомобил беше вистински хит и за брзо ги освои сите љубители на автомобилизмот. Во овој период тој има голем придонес во креирањето на Audi 80, 90, V8 quattro, Coupe, 100 и 80 Sedan.

Image result for Audi Quattro Spyder
ФОТО: Audi Quattro Spyder 

Во 1994 година тој е директор на центарот за дизајн на Volkswagen групацијата за Европа со седиште во Барселона. Во овој центар тој раководел се “фабриката” за дизајн во која работеле 130 лица. Токму од тука излегле бројни скици за бројни модели на Audi, Volkswagen, SEAT и Skoda, a како најпознати се Audi A8, Audi S3, Audi RS4, Volkswagen Touareg, Volkswagen Touran, Volkswagen Golf IV и Volkswagen Phaeton.

Audi 80 B4.jpgФОТО: Audi 80 

Неговата авантура во Volkswagen завршува кон крајот на 90тите поточно во 1999 година кога заминува од германскиот производител. Следната година тој започнува сопствен бизнис основајќи го студиото за дизајн “Fuore Design”. Неговиот прв проект бил Mitsubishi. Тој за јапонскиот производител креирал две концепт автомобили Pajero Evolution и Pajero Evolution 2+2 кој беа премиерно претставени на саемот во Франкфурт во 2001 година и саемот во Женева година подоцна. Подоцна Pajero Evolution станува повеќекратен шампион на релито Дакар. И следниот негов проект е поврзан за јапонски производител. Станува збор за Subaru за кого во 2003 година најпрво го дизајнира R2, а две години подоцна и B9 и R1.

Приказ 1: Листа на автомобили дизајнирани од страна на Химел

Година на лансирањеАвтомобилПериод на производство
1986Audi 80 Sedan (B3)1986-1991
1987Audi 90 Sedan (B3)1987-1991
1988Audi V8 quattro (D11)1988-1994
1988Audi Coupé (B3)1988-1996
1990Audi 100 Sedan (C4)1990-1997
1991Audi 80 Sedan (B4)1991-1994
1991Audi Cabriolet (Type 89)1991-2000
1991Audi 100 Avant (C4)1991-1998
1992Audi 80 Avant (B4)1992-1995
1997Volkswagen Golf IV (1J)1997-2003
1999Audi S3 (8L)1999-2003
1999SEAT Ibiza (6K GP01)1999-2002
2000Audi RS4 (B5)2000-2002
2002Audi A8 (D3)2002-
2002Volkswagen Touareg2002-
2002Volkswagen Phaeton2002-
2003Volkswagen Touran2003-
2003Subaru R22003-
2005Subaru B9 Tribeca2005-
2005Subaru R12005-

Покрај погореспоменатите автомобили кои влегоа во сериско производство, Химел има дизајнирано уште неколку автомобили кој го добиле статусот на “концепт” автомобили. Станува збор за Audi Quattro Spyder, SEAT Bolero, SEAT Formula, Subaru B11S, Fuore XF10, Fuore BlackJag и др.

Покрај автомобили Химел работел и на бројни индустриски дизајни и тоа за Panasonic, LG, Samsung, Talgo, Roca, TAG Heuer и други. Неговото мото е “Дизајнот е мојата пасија- визијата е мојата движечка сила” и токму под ова мото создадал неверојатни дизајни.