Во пресрет на новата сезона од F1 која со трката во Мелбурн, Австралија започнува овој викенд, актуелниот шампион изјави дека и оваа сезона очекува да биде тесно и неизвесно во трката за првата позиција. “Ние оваа година мораме се да подигнеме на поголемо ниво. Ако ја погледнете минатата сезона, Red Bull на почетокот имаше секунда заостанување зад нас. Нивниот развој во текот на годината беше неверојатен. Во оваа фаза од годината сите тимови се обидуваат да смислат нешто ново како би успеале да стартуваат и направат одредена предност, што од друга страна создава голем притисок” изјави Луис Хамилтон.

Во краткото интервју Хамилтон упати пофални зборови и за Red Bull и Ferrari. Тој додаде дека Red Bull оваа година одлично се покажале на тестовите и дека овој тим има добри возачи. За Ferrari изјави дека и оваа сезона очекуваат да се борат за најголем пласман. Оттука очекува крајно неизвесна сезона.

Оваа сезона тимски колега на Хамилтон ќе биде Валтери Ботас, а букмејкерите во групата на фаворити за освојување на титулата повторно го вбројуваат британецот.

ФОТО: skysport