Завршија првите квалификации од новата сезона од F1. Во пресрет на утрешната трка во Мелбурн, од првата позиција стартува Луис Хамилтон кој на денешните квалификации беше најдобар. Хамилтон на пол позицијата стартува пред Кими Раиконен и Себастијан Фетел, и двајцата од Ферари. Зад Фетел ќе стартува холанѓанецот Ферстапен додека позитивно изненадување се Магнусон и Грожен од тимот на Haas кој се најдоа на 5. и 6. позиција.  

Не толку славно деби имаше Alfa Romeo Sauber F1 тимот чиј возачи ќе стартуваат од 17. и 18. позиција од вкупно 20 возачи.

 

Покрај пол позицијата на актуелниот шампион, квалификациите ги одбележа и излетувањето на Валтер Ботас кој со својот болид излета во третата квалификациона сесија со што заврши на последната позиција во оваа сесија.