Само 3.777 нови автомобили биле продадени за изминатата 2017 година. Според неофицијалните бројки до кој дојде AutoKlub, во 2017 година биле продадени 423 автомобили помалку во однос на 2016 година односно доколку се погледне периодот од 2007 до 2017 година, минатата година е трета најлоша година по 2013 и 2014 година кога биле продадени 2.708 односно 3.432 автомобили.

Продажбата на нови автомобили во Македонија никако да го достигне периодот од 2007 до 2012 година кога на годишно ниво во просек се продавале 9.727 автомобили. Причините за ваквата состојба се најразлични, но секако дека големо влијание има и увозот на половни автомобили од Италија, Германија и останатите земји од Европската Унија. Како причина може да се наведат и економската положба на населението, недостатокот на поволни услови за финансирање од страна на банките и лизинг компаниите и слично.

 Година
Продажба
20173.777
20164.200
20153.855
20143.432
20132.708
20125.509
20119.600
20109.400
20097.200
200811.498
200710.948

Во однос на продажбата на нови автомобили во земјите од регионот, неофицијалните податоци покажувааат дека во Албанија за цела 2017 година биле продадени 1.668 нови автомобили, во Србија 25.370 автомобили, Босна и Херцеговина 10.502 автомобили, а најмногу нови автомобили во земјите од регионот се продадени во Грција и тоа 88.083 автомобили.

Инаку во однос на продажбата во Македонија од аспект на брендовите, според податоците објавени во списанието AutoFocus, најмногу нови автомобили или 511 се продадени од брендот на Skoda. На втората позиција се наоѓа VW со продадени 506 додека на третата позиција со продадени 402 нови автомобили се наоѓа Ford.