Себастијан Фетел и Ферари ја забележаа втората победа сезонава откако денеска славеа во Бахреин. Себастијан Фетел кој трката ја започна од пол позицијата без голем притисок ја задржа лидерската позиција и по 57. круг. На првата позиција Фетел заврши со време од 1:32:01.940 пред Ботас кој во финишот успеа да дојде до заостанок од само 0.699 секунди.

“На 10 круга до крајот имав се под контрола – но тоа беше лага. Немав ништо под контрола. Кога ми кажаа за темпото на Валтери (Ботас) во тоа време реков дека не можам да го направам тоа. Сепак направив математика во болидот и мислев дека ќе ме фати” изјави Фетел по трката за кого ова беше 200. трка во неговата кариера во Формула 1.

Одличен настап денеска имаше британецот Хамилтон кој иако стартуваше од 9. позиција сепак на крајот заврши на третата со заостанување од нешто повеќе од 6 секунди. На едно место зад него заврши Пјер Гасли од СКудерија Торо Росо додека на 5. позиција се најде Кевин Магнусен од тимот на Хас.

По оваа трка на генералниот пласман се наоѓ Фетел со 50 поени пред Хамилтон кој има 33 поени односно Ботас на третата позиција со 22 поени. Во конкуренција на конструктори, на првата позиција се наоѓа Ферари со 65 поени, 10 повеќе во однос на Мерседес одноно 43 поени повеќе во однос на МекЛарен-Рено.

Наредната трка е закажана за следната недела кога се вози големата награда на Кина.