Нова паркинг зона воведува Град Скопје во рамките на зонското паркирање. Според одлуката за надополнување на ценовникот на Јавното Претпријатие “Градски паркинг” во Скопје се воведува нова паркинг зона во рамките на зонското паркирање наречена A0 која ќе се наоѓа на Кале и Средно Водно.

Според одлуката доколку се паркирате на во оваа зона ќе мора да платите 100 денари за првиот час, додека секој нареден ќе ве чини дополнително по 50 денари од час.