Предмалку во Шангај завршија квалификациите за утрешната трка во рамките на F1 Големата награда на Кина. И на овие квалификации како и минатата недела во Бахреин првата позиција му припадна на германецот Себастијан Фетел кој утре по втор пат сезонава ќе стартува од пол позицијата.

Во првите две квалификации Фетел имаше најдобро време што му осигура пол позиција пред неговиот тимски колега Кими раиконен кој зад Фетел заостана за само +0.007 секунди. На третата позиција се најде Ботас од Mercedes додека како четврти утре ќе стартува Луис Хамилтон кој во квалификациите заостана за +0.500 секунди во однос на Фетел.

Утрешната трка се вози од 08 часот наутро, а фаворит е Себастијан Фетел кој во моментов е лидер и на генералниот пласман.

Поз.ВозачКонструкторВремеГАП
1Sebastian VettelFerrari1m31.095s
2Kimi RaikkonenFerrari1m31.182s0.087s
3Valtteri BottasMercedes1m31.625s0.530s
4Lewis HamiltonMercedes1m31.675s0.580s
5Max VerstappenRed Bull/Renault1m31.796s0.701s
6Daniel RicciardoRed Bull/Renault1m31.948s0.853s
7Nico HulkenbergRenault1m32.532s1.437s
8Sergio PerezForce India/Mercedes1m32.758s1.663s
9Carlos SainzRenault1m32.819s1.724s
10Romain GrosjeanHaas/Ferrari1m32.855s1.760s
11Kevin MagnussenHaas/Ferrari1m32.986s
12Esteban OconForce India/Mercedes1m33.057s
13Fernando AlonsoMcLaren/Renault1m33.232s
14Stoffel VandoorneMcLaren/Renault1m33.505s
15Brendon HartleyToro Rosso/Honda1m33.795s
16Sergey SirotkinWilliams/Mercedes1m34.062s
17Pierre GaslyToro Rosso/Honda1m34.101s
18Lance StrollWilliams/Mercedes1m34.285s
19Charles LeclercSauber/Ferrari1m34.454s
20Marcus EricssonSauber/Ferrari1m34.914s