Даниел Рикиардо е победникот на денешната, трета F1 трка сезонава. Рикиардо со време 1:35:36.380 заврши на тронот пред финците Ботас од Mercedes и Раиконен од Ferrari кои заостануваа 8.894 односно 9.637 секунди.

Лидерот на генералниот пласман Себастијан Фетел кој стартуваше од пол позицијата заврши на осмата позиција откако на неколку круга при крајот имаше судир со Фестапен и со заостанување од 35 секунди тој ја имаше најлошата трка сезонава. Луси Хамилтон пак, заврши на четвртата позиција пред Макс Ферстапен од Ред Бул кој иако првично заврши на 4. позиција сепак со казната од 10 секунди (поради предизвиканата незгода со Фетел) на крајот заврши на 5. позиција.

Во пресрет на четврата трка која се вози во Баку, Азербејџан за две недели, лидер на генералниот пласман останува Фетел со 54 поени пред Хамилтон кој сега му се доближи на негатива од 9 поени односно Ботас кој сега има 40 поени.

Во конкуренција на конструктори, Mercedes сега е лидер со 85 поени, еден повеќе од Ferrari односно 30 во однос на Red Bull на третата позиција.

Поз.ВозачВремеПоени
1

D. Ricciardo

Red Bull·#3
1:35:36.38025
2

V. Bottas

Mercedes·#77
+8.894s18
3

K. Räikkönen

Ferrari·#7
+9.637s15
4

L. Hamilton

Mercedes·#44
+16.985s12
5

M. Verstappen

Red Bull·#33
+20.436s10
6

N. Hülkenberg

Renault·#27
+21.052s8
7

F. Alonso

McLaren Honda·#14
+30.639s6
8

S. Vettel

Ferrari·#5
+35.286s4
9

C. Sainz Jr.

Renault·#55
+35.763s2
10

K. Magnussen

Haas·#20
+39.594s1
11

E. Ocon

Force India·#31
+44.050s0
12

S. Pérez

Force India·#11
+44.725s0
13

S. Vandoorne

McLaren Honda·#2
+49.373s0
14

L. Stroll

Williams·#18
+55.490s0
15

S. Sirotkin

Williams·#35
+58.241s0
16

M. Ericsson

Sauber·#9
+62.604s0
17

R. Grosjean

Haas·#8
+65.296s0
18

P. Gasly

Toro Rosso·#10
+66.330s0
19

C. Leclerc

Sauber·#16
+82.575s0
20

B. Hartley

Toro Rosso·#28
+5 Laps0