Некогаш малите одлуки може да го променат целиот живот, а од мали одлуки зависи и историскиот тек. Така е секаде па и во автомобилската индустрија. Гледано историски постоеле безброј ситуации кога мала одлука донесена од директор, дизајнер или друго лице го сменил на подобро и/или полошо развојниот тек на одреден бренд/компанија.

Еден од таквите случаеви бил оној поврзан со појавата на Golf I кога една одлука значела појава на автомобил кој потоа станува вистински бестселер.

За се е крив Џуџаро, барем кога е во прашање легендарниот Golf. Беше летото 1971 година кога официјални лица на VW предводени од Курц Лоц, тогаш првиот човек на германскиот производител, се обратија на Џуџаро и му понудиле договор за соработка. Во истиот било предвидено Џуџаро да дизајнира четири автомобили за германскиот производител со што Volkswagen сакал да ја започне новата епоха во развојот на овој бренд.

Понудата изгледала примамливо, па Џуџаро заедно со целиот негов тим ги активирале сите ресурси со кој располагале и се фатиле за работа. Џуџаро во целост го испочитувал договорот и сосема на време ги доставил дизајните до VW. Арно ама, во меѓувреме се случиле промени во раководството на VW па на местото на Курт Лоц дошол Рудолф Лајдинг кој имал сосема различни гледишта и планови. Тој, без многу двоумење ги отфрлил сите предлог дизајни, а поради тоа што подолго време немале новитет тие биле во безизлезна состојба.

“Не е добар, нема да помине, но е многу доцна за измена”

Новиот директор веднаш ги ангажирал германските дизајнери, на кои им требало многу време за да создадатнов автомобил. Џуџаро, во последен момент го испраќа и дополнителниот предлог дизајн кој го создадол последен. Тоа бил дизајнот за легендарниот Golf. Гледајќи го дизајнот Рудолф кажал “Не е добар, нема да помине, но е многу доцна за измена”.

Така во последен момент беше спасен Golf I со ознака MK1 кој потоа се покажа како полн погодок бидејќи истиот се произведувал на 8 локации ширум светот вклучувајќи и во Југославија поточно Сараево.

Сепак подоцна во сериско производство влегуваат и останатите два автомобили дизајнирани од Italdesign, VW Scirocco и VW Passat.

File:VW Scirocco 1973.jpg
VW Scirocco
File:Vw passat b1 v sst.jpg
VW Passat