На саемот во Женева кој се одржа во март годинава вистинска атракција беше новиот Auris. Третата генерација на овој јапонски модел покрај одличниот, поагресивен и попривлечен екстериер доаѓа и со одличен ентериер проследен со поголемата внатрешност, а воедно и висока безбедност која и никогаш не била спорна кога се во прашање јапоснките возила.

Она што друго доаѓа ново со новата генерација е и новиот 2.0 литарски бензински мотор кој овозможува поголема економичност и помала концентрација на издувни гасови. Овој мотор ќе биде достапен и во Европа заедно со 1.2 литарскиот турбо бензински мотор кој ќе го замени досегашниот 1.33 литарски мотор, а достапни се и 1.8 и 2.0 хибридната варијанта.

Новата Auris веќе е достапна во Јапонија и Северна Америка со што се појавија и првите официјални тестови. Како дел од рубриката “Другите тестираат”, во продолжение ви ги претставуваме тестовите извршени од страна на TFLnow и Jaime Gabaldoni.