Да создаваш дела на кои сите ќе се восхитуваат воопшто не е мала работа. А тоа, со автомобилите веќе шест децении го прави Џорџето Џуџаро, најпознатиот и најдобриот (со право) автомобилски дизајнер на денешницата.

Роден на 7 август 1938 година малото италијанско гратче Гаресио (во близина на Кунео, Пиемонт), Џуџаро уште од мали нозе се решил да ги следи стапките на неговиот дедо и татко. Неговиот дедо Луиџи цртал фрески во италијанските цркви, а татко му Марио создавал уметнички дела со религиозни тематики. Во 1952 година тој се сели во Торино каде се запишува во дизајнерската школа на фамозниот карикатурист Голија.

Во овој период во Торино, исто како денес бил центар на автомобилската индустрија, со таа разлика што во овој период се отварале бројни дизајнерски студија и фабрики за автомобили. Поради ова и генерално, поради популарноста на автомобилите Џуџаро добива желба да црта и дизајнира автомобили. Случајно, неговите цртежи ги гледа Данте Џакоза кој бил всушност внук на Голија, а воедно работел како инжинер во Fiat. Импресиран од неговите цртежи тој му нуди работа во Fiat, но Џуџаро разочаран што ниту еден од неговите дизајни не бил “преведен” во пракса истите тие цртежи му ги покажува на Нучо Бертоне (да, тоа е познатиот авто дизајнер Бертоне).

Image result for torino in 1950
Торино во 50те години на минатиот век

“Ти го продадов цртежот на Алфа”

А целото патешествие на Џуџаро започна со фруструацијата во Fiat. Неможејќи да го издржи “теророт” како што тој тоа ќе  го нарече, се среќава со Бертоне кој иако бил воодушевен од неговите цртежи одлучува да му даде тест. Задачата на тестот била едноставна – направи дизајн на автомобил.

“Се сеќаваш на дизајнот што ти го дадов за тест? Епа го продадов на Alfa Romeo, а ти подобро да дојдеш да работиш за мене”

На Џорџето и не му требало многу време. Благодарение на неговата фантазија и креативност тој за кратко време го нацртал дизајнот кој веднаш му го доставил на Нучо Бертоне.

По неколку недели Бертоне го повикал Џуџаро да дојде кај него во канцеларија. “Се сеќаваш на дизајнот што ти го дадов за тест? Епа го продадов на Alfa Romeo, а ти подобро да дојдеш да работиш за мене” му рекол Нучо на Џорџето. Овој пак без двоумење веднаш ја прифатил работата. Бертоне гледајќи во Џуџаро како млад и надежен дизајнер веднаш му ја покачува платата од тогашни 129 на 225 американски долари.

Не многу време подоцна, Alfa Romeo се решава да развие автомобил врз основа на дизајнот на Џуџаро и така настанала Alfa Romeo 2000, автомобил кој подоцна станал и првиот личен автомобил на Џуџаро.

2000 Berlina front side.
Alfa Romeo 2000 на изложба на олдтајмери

Втор посериозен проект во кој учествува заедно со Бертоне е BMW 3200CS. Oвој спортски автомобил бил претставен на саемот во Франкфут и за брзо време стана популарен спортски автомобил, особено во Германија.

Во Бертоне се задржува се до 1966 година и како дел од ова дизајнерско студио тој ги дизајнира уште Simca 1000, Simca 1200 S coupe, Iso Rivolta GT 300 и Fiat 850. Во овој период поточно во 1963 година се жени со Марија Тереза Сера, а две години подоцна го добива и синот Фабрицио.

Related image
BMW 3200CS

Во 1966 година Нучо Бертоне сака да го назначи Марсело Гандини за главен дизајнер на студиото. Незадоволен од оваа одлука, Џуџаро заминува од Бертоне и преминува во Џиа (Ghia) раководена од аргентинецот Алесандро де Томазо. Во рамките на ова студио тој работи на развој на неколку возила за De Tomaso, а негова најпозната креација е De Tomaso Mangusta, спортски автомобил опремен со 4.7 литарски и 5.0 литарски мотор. Овој автомобил станува доста популарен овој период поради оштрите спортски линии и одличните перформанси.

File:DeTomaso Mangusta.jpg
De Tomaso Mangusta

ITALDESIGN

Разочаран, Џорџето одлучува да започне сопствено дизајнерско студио. За таа цел заедно со неговиот пријател Алдо Мантовани на 13 февруари 1968 година во Торино ја основаат компанијата Studi Italiani Realizzazione Prototipi S.p.A подоцна позната како Italdesign Giugiaro S.p.A (S.p.A во италијанското трговско право означува Акционерско друштво). За седиште е одбрано Монкаљиери, предградија на Торино каде што уште во тој период биле лоцирани повеќето дизајнерски студии и автомобилски работилници.

Image result for Italdesign Giugiaro hq
Седиштето на Italdesign Giugiaro во Монкаљери денес

Првата година и не била најслајна за Џуџаро бидејќи ги немал значајните контакти со автопроизводителите. Меѓутоа во наредните години успева да воспостави контакт со Abarth, Suzuki, Porsche, а во овој период за Alfa Romeo го создава концептот Iguana 33/2, а подоцна и одличните Maserati Bora и Maserati Alfasud sedan.

Овој период бил златен за италијанската автомобилска индустрија. Тоа го искористил најдобро што можел Џуџаро. Така во 70те години кај него се обратиле многу италијански и германски автопроизводители. Оттука произлегеле бројни автомобилски ремек дела како што се Alfa Romeo Brera, Alfa Romeo Alfasud, Alfa Romeo Caimano, Lancia Megagamma, BMW M1, Iso rivolta Fidia, Isuzu 117 Coupe, Maserati Boomerang, Maserati Merak, Maserati Tipo 124, Porsche Tapiro, Fiat 850 Spider, Fiat Dino Coupe и многу други.

Image result for Maserati Bora
Maserati Bora

Благодарение на одличниот дизајн бројни автомобили нацртани од раката на Џуџаро станале вистински хит во повеќе делови од планетата. Сето ова влијаеше позитивно врз репутацијата на Џуџаро и веќе во 30тите години тој стана доста почитуван во својата фела.

Добриот глас надалеку се слуша па многу брзо во Торино допатуваа високи луѓе на Hyundai, Subaru, Toyota, Suzuki, Mazda кој му понудија многу пари за Џуџаро да создаде ремек дело и за нив. Сепак не многу автомобили во овој период тој дизајнираше за азијските производители. Во оваа прилика би ги набројале Hyundai Pony, Hyundai Excel, Hyundai Stellar, Hyundai Sonata, Toyota Aristo, Subaru Alcyone SVX, Lexus GS…

Image result for Giorgetto Giugiaro birthplace
Џуџаро во седиштето на Italdesign

Како позначајно негово дело во овој период треба да се издвои Fiat Uno еден од најпродаваните автомобили во историјата на Fiat кој и ден денес се произведува во Бразил.

Image result for fiat uno 1983
Fiat Uno во 1983 година

До почетокот на новиот милениум Џуџаро преку Italdesign e ангажиран на бројни проекти па така тој работи и за Audi, Daewoo, Brilliance, Besturn, DeLorean, Eagle Premier, Ford, Lotus, Proton, Renault, Seat, Jaguar, Lamborghini, Mitsubishi…

Кон крајот на 90тите години тој го менува името на Italdesign и ја додава наставката Giugiaro.

Seat Ibiza 2 front 20071004.jpg
И Seat Ibiza е дел од портфолиото на Џуџаро

Изумителот на Golf I

За се е крив Џуџаро, барем кога е во прашање легендарниот Golf. Беше летото 1971 година кога официјални лица на VW предводени од Курц Лоц, тогаш првиот човек на германскиот производител, се обратија на Џуџаро и му понудиле договор за соработка. Во истиот било предвидено Џуџаро да дизајнира четири автомобили за германскиот производител со што Volkswagen сакал да ја започне новата епоха во развојот на овој бренд.

Понудата изгледала примамливо, па Џуџаро заедно со целиот негов тим ги активирале сите ресурси со кој располагале и се фатиле за работа. Џуџаро во целост го испочитувал договорот и сосема на време ги доставил дизајните до VW. Арно ама, во меѓувреме се случиле промени во раководството на VW па на местото на Курт Лоц дошол Рудолф Лајдинг кој имал сосема различни гледишта и планови. Тој, без многу двоумење ги отфрлил сите предлог дизајни, а поради тоа што подолго време немале новитет тие биле во безизлезна состојба.

“Не е добар, нема да помине, но е многу доцна за измена”

Новиот директор веднаш ги ангажирал германските дизајнери, на кои им требало многу време за да создадатнов автомобил. Џуџаро, во последен момент го испраќа и дополнителниот предлог дизајн кој го создадол последен. Тоа бил дизајнот за легендарниот Golf. Гледајќи го дизајнот Рудолф кажал “Не е добар, нема да помине, но е многу доцна за измена”.

Така во последен момент беше спасен Golf I со ознака MK1 кој потоа се покажа како полн погодок бидејќи истиот се произведувал на 8 локации ширум светот вклучувајќи и во Југославија поточно Сараево.

Сепак подоцна во сериско производство влегуваат и останатите два автомобили дизајнирани од Italdesign, VW Scirocco и VW Passat.

File:VW Scirocco 1973.jpg
VW Scirocco
File:Vw passat b1 v sst.jpg
VW Passat

YUGO by Giugiaro

Малкумина знаат, но Џуџаро ги има замешано прстите и во Zastava. Тој е дизајнерот на Yugo Florida познато и под имињата Yugo Sana, Yugo Miami и со оригиналното кодно име Zastava Florida. Џуџаро заедно со своите соработници во средината на 80тите години беа вклучени во дизајнирањето, планирањето и развојот на овој југословенски автомобил. Овој автомобил се базирал на тогашниот Fiat Tipo кој исто така бил дизајниран од страна на Italdesign. Во целост развиен од Џуџаро, овој автомобил бил најнапредниот југословенски автомобил.

Florida покрај во Крагујевац каде се произведувала во периодот од 1988 до 2008 година се произведувала и во Каиро, Египет каде се продаваше под името Nasr Florida.

Најдобар за минатиот век

На 18 декември во 1999 година на гала вечера во Лас Вегас Џорџето Џуџаро ја добива престижната награда “Автомобилски дизајнер на векот”.

Оваа награда ја доделила GAEF (Global Automotive Elections Foundation), фондација која оваа вечер доделила и неколку други награди како што се автомобил навекот, инжинер на векот и претприемач на векот. Џуџаро немал нималку лесна конкуренција за оваа награда. Тука бил неговиот “учител” Нучо Бертоне, Фламинио Бертоне, Жан Бугати (основачот на Bugatti), Патрик ле Квемент (дизајнерот на Renault Twingo), Роберт Опрон (познат по дизајните на Citroen SM, Renault 9, Renault 11 и Renault 25), Eрколе Спада, Бруно Сакон, Батиста Пининфарина и многу други дизајнери кои го одбележаа минатиот век.

Кога сме кај наградите, Џуџаро е дел и од автомобилската “Куќа на славни” во Детроит и тоа во друштво на Карл Бенц, Џовани Ањели, Нучо Бертоне, Хенри Форд, Арманд Пежо, Ралф де Палма, Серџо Пининфарина, Харолд Полинг, Едуар Мишелин …

Image result for Automotive Hall of Fame
Automotive Hall of Fame во Детроит

Тој исто така ги има добиено и престижните национални признанија “Cavaliere del Lavoro” (Витез на трудот) и “Medaglia d’oro ai benemeriti della Cultura e dell’Arte” (Златен медал на заслуги за културата и уметноста), а е и почесен лауреат на факултетот за Архитектура при Политехничкиот факултет во Торино.

Стадиони, камери, часовници, пиштоли…

Автомобилите не се единствената преокупација на Џуџаро. Зад неговото име се запишуваат и 10 Nikon камери вклучувајќи го и првиот модел EM од 1979 година како и моделите D2H, F6, D3 и D800. Џуџаро бил ангажиран и од италијанската компанија за производство на оружје. Така додека бил ангажиран од оваа компанија со седиште во Бреша тој ги дизајнирал: Beretta Neos, Beretta CX4 и Beretta UGB25.

Кај останатите негови дела треба да ги спомениме и двата Seiko часовници, електричниот воз ETR 460 познат и како Пендолино кој Џуџаро го дизајнирал во 1993 година како и Deutz Fahr 6215 RCSHIFT тракторот кој во 2017 година беше избран за “Трактор на годината”.

Related image
Deutz Fahr 6215 RCSHIFT – тракторот на годината за 2017 е дело на Џуџаро

Името на Џуџаро може да се најде и зад стадионот на Јувентус. Тој заедно со Хернандо Суарез и Џино Ѕаванеља се троцјата архитекти кои во 2008 година го конструирале стадионот на најтрофејниот клуб во Италија, Јувентус. Конструкцијата на стадионот започнала на 1 март 2009 година, а завршила на 8 септември 2011 година, а за ова дело има добиено неколку значајни награди и од сферата на архитектурата.

Image result for Juventus Stadium
Јувентус Арената во Торино

ITALDESIGN денес

Благодарение на популарноста на автомобилите дизајнирани од негова страна и во рамките на Italdesign, на почетокот на новиот милениум репутацијата на Џуџаро била на најголемо ниво. Во овој период преку Italdesign учествува во дизајнирањето на Fiat Siena, Maserati MC12, Fiat Grande Punto, Alfa Romeo Brera, Alfa Romeo 159, Suzuki SX4, Fiat Idea како и концептните автомобили Ford Mustang, Ferrari GG50, Alfa Romeo Visconti, Maserati Kubang (првиот SUV на Maserati), Bugatti Chiron, Aston Martin TwentyTwenty и уште бројни други концепти кои го привлекоа вниманието на светската јавност.

Во 2010 година како дел од својата стратешка експанзија, Volkswagen групацијата купуваат најголем дел од акциите на Italdesign-Giugiaro со што на италијанците им одземаат голем конкурентски адут бидејќи голем дел од моделите на Fiat, Lancia, Alfa Romeo, Maserati, Ferrari се темелеле на дизајнот на Џуџаро. Со ова VW конечно добива современ дизајнерски центар кој во наредниот период е местото каде се создаваат идните модели на сите брендови од групацијата на VW.

Во 2015 година, Џорџето Џуџаро се пензионира по што ги продава и преостанатите акции на Volkswagen и во целост е повлекува од Italdesign. Тука завршуваат сите контакти на Џуџаро со Italdesign и автомобилскиот индустрија и дизајн за што направи многу, односно наједноставно кажано тој им даде убавина на автомобилите.

И за крај, дека тоа е така кажуваат следните ремек дела на овој дизајнер.

Концептот на Alfa Romeo Brera
Related image
Alfa Romeo 159
Proton emas geneva 2.jpg
Proton EMAS
File:Festival automobile international 2013 - Italdesign - Giugiaro Brivido Concept - 006.jpg
Giugiaro Brivido
File:Italdesign Ferrari concept.jpg
Ferrari GG50
File:Festival automobile international 2016 - Giugiaro GEA Concept - 002.jpg
Italdesign Giugiaro Gea
File:2006 Ford Mustang Giugiaro.jpg
Giugiaro Ford Mustang
Related image
Audi Q2