Луис Хамилтон ја забележа првата победа сезонава откако на четвртата трка сезонава со време 1:43:44.291 заврши на лидерската позиција. Хамилтон на денешната трка во Баку, Азербејџан стартуваше од втората позиција, но на крај со одличното возење заврши на првата позиција и освои 25 поени.

Себастијан Фетел кој стартуваше од пол позицијата и во пресрет на деншната трка беше лидер во генералниот пласман, заврши на четвртата позиција со заостанување од +5.329 секунди. Неговиот тимски колега, финецот Раиконен заврши на втората позиција, а позитивно изненадување беше Серџо Перез од Форс Индија кој заврши на третата позиција.

Треба да се напомене и најдобриот овогодишен настап на тимот на Sauber-Alfa Romeo чиј возач Шарл Леклерк заврши на 6. позиција. Инаку најголеми лузери на денешната трка беа возачите на Ред Бул, Ферстапен и Рикијардо кои во 39. круг се самодисквалификуваа откако меѓусебно се судрија.

ПозВозачВремеПоени
1

L. Hamilton

Mercedes·#44
1:43:44.29125
2

K. Räikkönen

Ferrari·#7
+2.460s18
3

S. Pérez

Force India·#11
+4.024s15
4

S. Vettel

Ferrari·#5
+5.329s12
5

C. Sainz Jr.

Renault·#55
+7.515s10
6

C. Leclerc

Sauber·#16
+9.158s8
7

F. Alonso

McLaren Honda·#14
+10.931s6
8

L. Stroll

Williams·#18
+12.546s4
9

S. Vandoorne

McLaren Honda·#2
+14.152s2
10

B. Hartley

Toro Rosso·#28
+18.030s1
11

M. Ericsson

Sauber·#9
+18.512s0
12

P. Gasly

Toro Rosso·#10
+24.720s0
13

K. Magnussen

Haas·#20
+40.663s0
14

V. Bottas

Mercedes·#77
DNF0
15

R. Grosjean

Haas·#8
DNF0
16

M. Verstappen

Red Bull·#33
DNF0
17

D. Ricciardo

Red Bull·#3
DNF0
18

N. Hülkenberg

Renault·#27
DNF0
19

E. Ocon

Force India·#31
DNF0
20

S. Sirotkin

Williams·#35
DNF0

По оваа четврата трка сезонава, сега на првата позиција на генералниот пласман се наоѓа Хамилтон со 70 поени, четири повеќе од Фетел на втората позиција односно 22 поени повеќе во однос на Раиконен на третата позиција. Во однос на конструкторите, на лидерската позиција се наоѓа Ферари со 114 поени пред Мерседес со 110 поени односно Ред Бул со 55 поени.

Следната трка е закажана за две недели кога на програмата е трката за големата награда на Шпанија која се вози во Барселона.