Од 25 април па се до 4 мај во главниот град на Кина се одржува најголемиот саем за автомобили на азијско тло. Поради брзорастечкиот и профитабилен пазар, овој саем е приоритет на многу светски познати брендови. Токму оттука и бројните премиери кои веќе беа прикажани на Меѓународниот изложбен центар во Пекинг.

CarNews24 се потруди да ги издвои најдобрите 10 нови автомобили претставени на овој саем. Уживајте!