Ново поскапување на горивата! На денешната седница, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе одлука од полноќ горивата да поскапат за два денари.

Така, од ноќеска на полноќ новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 70 денари додека новата цена на БС-98 ќе изнесува 71.50 денари по литар. Малопродажната цена на дизелот се зголемува па така таа од полноќ ќе изнесува 62 денари за еден литар.

Следната корекција на цената ќе се случи на 14. мај.