Јапонскиот производител Honda започна преговори со Red Bull околу снабдување на F1 тимот со мотори на Honda за сезоната 2019 година. По првите позитивни преговори, како што ги оцени Масахи Јамамото, следат дополнителни преговори во напредна фаза со цел постигнување на договор за следната сезона.

“Бидејќи ова беше прв состанок ние дискутиравме околу условите и очекувањата на двете страни” изјави Јамамото за официјалниот сајт на F1. Тој додаде дека состанокот бил позитивен и ги задоволил очекувањата на двете страни.

Инаку оваа сезона Honda го снабдува Scuderia Toro Rosso, тим спонзориран од Red Bull, но јапонците сакаат соработката да ја прошират и со австрискиот тим на Red Bull. Според неофицијалните информации до крајот на мај треба да се постигне договор помеѓу австријците и јапонците.