Останаа уште само неколку денови до овогодинешниот хуманитарно-забавен настан DFCCA (Drive For Colon Cancer Awareness). Оваа година овој интернационален настан ќе се одржи во недела на 6. мај и тоа во 14 градови во Македонија и околу 100 други низ целиот свет и истиот ќе биде проследен со дефиле на Cabrio GT Coupe и Classic Cars клубовите.

Целта на овој настан е да се подржат сите кампања насочени кон борбата против канцерот на дебелото црево и малигнитетите кај децата. За таа цел сите овие хумани возачи – учесници, ќе се појават на улиците и ќе ја искажат својата подршка на оваа иницијатива.

Хуманитарен партнер на овој настан е Lions International, а покрај возното дефиле кое започнува со собир пред PSS (Зајчев Рид) во рамките на овој настан ќе се одржи и хуманитарна забава која започнува во 12:30 часот во GP Картинг.

Повеќе информации околу овој настан можете да прочитате на официјалниот интернет сајт www.dfcca.com како и на официјалниот Фејсбук настан (Кликни ТУКА).

Во продолжение неколку фотографии од минатогодишниот настан.

Фотографија на Drive For Colon Cancer Awareness.

Фотографија на Drive For Colon Cancer Awareness.

Фотографија на Drive For Colon Cancer Awareness.

ФОТО: FB – Drive For Colon Cancer Awareness