Возачот Луис Хамилтон со својот Мерцедес се избори за пол позицијата во недела, во големата трка за Големата награда на Велика Британија. Оваа пол позиција е јубилејна за тимот на Мерцедес (50-та), додека за Хамилтон е 6-та во Велика Британија.

На квалификациите во Силверстон имаше интересна битка помеѓу големите ривали Хамилтон и Фетел, но сепак како победник од оваа битка излезе Хамилтон кој беше побрз за 44 илјадити дел од секундата во однос на Фетел.

Како трет во недела ќе започне другиот возач на Ферари, Кими Раиконен. Валтери Ботас ја има четвртата позииција, а Макс Ферстапен ќе започне петти во својот Ред Бул. Останатите четири квалификатори во топ 10 се: Даниел Рикардо, Кевин Магнусен, Роман Гросан, Чарл Леклер и Естебан Окон.

Трката во Силверстоун ќе се одржи во недела со почеток во 15:10.