Францускиот производител на автомобили Renault и официјално е нов спонзор фудбалскиот клуб ПСЖ. Renault и актуелниот француски шампион потпишаа договор во важност од три сезони со можност за продолжување на истиот.

Според договорт, Renault на годишно ниво ќе му исплаќа, за сега непозната сума на пари, а за возврат ќе добие место на дресовите, банери на официјалните домашни натпревари на ПСЖ, а заедно ќе лансираат и маркетинг кампањи чија цел ќе биде зголемување на репутацијата на двата брендови.

Renault е само еден во низата автомобилски производители кои спонзорираат фудбалски клубови. Така Hyundai од оваа година е спонзор на Атлетико Мадрид и Челзи, од претходно Jeep е официјален спонзор на Јувентус додека Volkswagen е спонзор на фудбалскиот клуб Волфсбург.