Откако минатата година го претстави концептот, а оваа година и продукциската изведба, BMW планира и кабрио изведба на новата серија 8.

На најпопуларниот германски магазин за автомобилизам не му требаше многу за да објави видео со можниот изглед на оваа изведба. Како што може да се забележи од видеото, основата на автомобилот е иста како кај седан изведбата, што значи дека доминира луксузот и познатите BMW “бубрези”.

За сега не се познати повеќе детали околу техничките карактеристики, но германскиот магазин тврди дека овој модел ќе се појави наредната година.