Lamborghini преку видео на својот официјален YouTube канал објави видео со кое го потврди доаѓањето на специјалната SVJ изведба на Aventador.

Со ова за прв пат Aventador Super Veloce Jota дебитираше на германската патека Нирбургринг. Според непотврдени информации, овој автомобил ја извози патеката за 6 минути и 45 секунди што претставува рекорд на патеката.

Под хаубата оваа најмоќна изведба на Aventador располага со 6.5 литарски V12 мотор со речиси 800 КС.