И официјално, долго очекуваниот докуемнтарец за животот на Пол Вокер доаѓа следниот месец. Како што објави CNN, премиерата на овој филм е закажана за 11 август.

Речиси пет години по смртта на Вокер кој во 2013 година загина во сообраќајна несреќа откако неговиот пријател Роџер Родас изгуби контрола врз неговата Porsche Carrera, фановите конечно ќе имаат можност да дознаат повеќе околу неговото детство, приватен живот и неговото присуство на филмската сцена. За таа цел документарецот содржи интервјуа со неговите најблиски роднини, пријатели и колеги, а ќе бидат премиерно претставени и неколку работи за Пол Вокер кои биле целосна непознаница за него.

Извршен продуцент е Пол Гертц, режисер на филмот е Адријан Бујтенхуис, а дистрибуцијата ќе биде спроведена преку мрежата на Paramount.

Пол Влијам Вокер е роден на 12 септември 1973 година во Глендејл, Калифорнија. На филмската сцена дебитираше во 1986 година, а се простлави со улогите во Fast and Furious серијалот каде во сите седум филмови ја играше улогата на Брајан О Конер. Има добиено три награди благодарение на неговата глума во овие филмови. Во 2002 година ја добива првата награда од MTV за “Најдобар Тим” која ја дели со Вин Дизел.

БОНУС ВИДЕО: Моментот кога Пол Вокер загина