Луис Хамилтон и официјално го продолжи договорот со F1 тимот на Mercedes. Како што потврдија од тимот, Хамилтон за англискиот тим ќе вози и во наредните две сезони односно заклучно сезоната 2020.

“Продолжувањето на соработката е само формалност, договорот се постигна уште минатата зима, а сега ќе продолжиме во истиот ритам. Среќен сум што продолжувам во Mercedes, тоа е вистинското место за мене” изјави 33 годишниот Британец.

Хамилтон во својата кариера четири пати завршуваше на тронот на крајот на година, а до сега има забележано 65 победи.