Вкупно 18.082 половни возила се увезени во првата половина од година. Ова го покажуваат официјалните податоци објавени од страна на Царинската Управа на РМ.

Според податоците, во периодот јануари-јуни годинава увезени се вкупно 16.385 патнички автомобили од кои 3.030 нови и 13.355 половни автомобили. Со ова продолжува трендот на увоз на половни автомобили, а најголем дел од нив се увезени од Германија и Бугарија.

Продавачите на половни возила велат дека трендот на продажба на половни автомобили и понатаму продолжува. Додека едните како причина за тоа ја наведуваат економската положба на населението, другите пак сметаат дека тоа се должи и на квалитетот на понудата што како продавачи ја обезбедуваат на своите купувачи.

“Ние бележиме континуирано зголемување на увозот на млади половни автомобили. Тоа се должи на зголемената продажба која пак е резултат на нашата посветеност во обезбедувањето на богата понуда на половни автомобили со проверен квалитет” изјавија од Оlympia Мotors Оutlet. Од таму додаваат и дека поволните услови за финансирање како и дополнителната гаранција која ја нудат се исто така главен виновник за зголемената побарувачка на половни возила.

Во вкупната бројка од 18.082 половни возила, со 1.596 учествуваат и товарните моторни воизила од кои само 385 се нови додека увезени се и 98 употребувани и само 3 нови автобуси и минибуси.

Според вака презентираните податоци, во првата половина од 2018 година според увозот на половни автомобили е забележан пораст од 3.882 возила во однос на 2017 година.