Новото Porsche 911 кое воедно ќе биде замена за успешната серија 991 која се појави на пазарот во 2012 година, а беше редизајнирана во 2015 година се очекува да се појави во ноември.

Се разбира Porsche ќе го задржи препознатливиот стил на 911, должината ќе порасне од 450 на 452 сантиметри, ширината од 181 на 184 сантиметри, а висината ќе биде намалена за еден сантиметар односно од 130 на 129 сантиметри.

Големи подобрувања се забележуваат во каросеријата на автомобилот. Структурата ќе биде со ултра висока јачина на челик, а хаубата, вратите и кровот ќе бидат изработени од алуминиум. Сето тоа допринесува за намалување на тежината, а со тоа и зголемување на силата за 30 проценти. Се очекува и потрошувачката на ова возило да се намали просечно за 5 проценти.

По завршувањето на овој модел, во 2019 година пристигнува уште помоќна верзија S, со 440 коњски сили и хибридна верзија. Во иднина ќе бидат познати подетални информации за верзијата S.