Со одлични продажни перформанси за првата половина од годината се пофалија на PSA Групацијата. Како што соопштуваат оттаму, во првите шест месеци продадени се 2.181.800 возила што претставува пораст за 38.1% споредбено со првата половина минатата година.

Значаен пораст од 61.5% е забележан во Европа каде Opel и Vauxhall учествуваат со 550.900 во вкуно продадените 1.673.700 автомобили. Всушност, најголем придонес во овој процентуален пораст за првата половина од годината има токму продажбата на Opel во земјите од Европската Унија (со исклучок на Велика Британија) и Vauxhall на останатите пазари.

Порааст има и на останатите пазари. Така во индиско-пацифичкиот регион PSA забележа раст од 25.1%, а носител на овој раст се пазарите во Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Евроазијскиот регионт забележа пораст од 18.1%, а најголем пораст на продажбата е забележан во Украина и Русија и тоа 32% и 19%. Незначителен пораст од 1,7% е забележан во Латинска Америка, а во Кина и Југоисточна Азија е забележано стабилизирање на продажбата.

По аквизацијата на Opel, PSA Групацијата бележи одлични продажни перформанси, а од француската мултинационална компанија се уверени дека со одличната SUV понуда ќе успеат до крајот на годината и двојно да ја зголемат продажбата во однос на периодот јануари-јуни годинава.