Тимот на АутоКлуб при посетата на Olympia Motors Outlet центарот во Скопје да се запознае со едно од многуте половни возила од понудата на Olympia Motors. Станува збор за Audi A3 2.0 TDI од 2013 година.

Генерални информации

Како и сите возила во понудата на Olympia Motors Outlet, и разгледуваното A3 2.0 TDI 140 КС е купено од овластен продавач на лизинг кука во Белгија и истото претходно имало само еден сопственик. Возилото е продадено на оперативен лизинг и по истекот на финансираниот период е дадено на отворена лицитација. За возилото се платени сите давачки до регистрација, а извршен е и редовен сервис на возилото.

Екстериер и ентериер

Мултифункционален кожен волан, климатроник, електрика на сите стакла, возачко седиште подесиво по висина, темпомат, борд компјутер, електрика на ретровизори, радио ЦД со припрема за телефон е само дел од опремата, а возилото уште на прв поглед е очигледно дека ја има задржано елегантно динамичката линија.

Опремата на постоечкото возило е богата и е со комплетно задржана функционалност. На бојата или каросеријата не се приметени измени или корекции.

Карактеристично за користени возила, чуството на допир на управувачот, педалите и менувачот укажува на предходна употреба, но истиот е без значителни оштетувања. Седиштата на возилото го потврдуваат високиот квалитет бидејки се и покрај користеноста – со задржана форма и квалитет на текстил.

Тест возење

Освен самиот факт дека при тест возењето возилото има изминати 168.000 км, возните својства на претставникот од Инголштад се супериорни и на оваа километража. Агрегатот на возилото како и преносот се беспрекорни  Стабилноста на возилото исто така одржана скоро како кај ново возило што е последица на редовното одржување во овластен сервисер (со документ и можност за проверка кај овластениот увозник или во дилерската мрежа) како и на фактот што возилото има поставени нови Goodyear Efficient grip performance, заменети во Јуни 2018 од страна на продавачот.

Сервисирање и гаранција

Возилото поседува писмен документ за извршената сервисна историја и документ од надворешна техничка служба за општата состојба на возилото. Дополнително , како и за секое возило, Olimpia Motors Outlet одобрува 3 месеци гаранција за возилото  која опфаќа широк склоп на сегменти (мотор, преносен систем, осовини и пренос, кочници и систем за кочење, гориво, управувачки систем, ладење и климатизација).

Безбедност и удобност

Голема удобност е обезбедена и за возачот кој на дофат ги има сите инструменти, а круз контролот како и паркинг сензорите обезбедуваат поголема безбедност. Кога сме кај опремата, овој модел располага и со ABS и ESP системите, клима уред – климатроник, електрика на предните и задни прозорци, борд компјутер, електрика на ретровизори, радио CD со припрема за телефони, централна брава со центално заклучување.
Тука секако се и шесте воздушни перничиња распоредени на возачкото и совозачкото место како и страничната воздушна завеса која ги минимизира повредите на патниците при сообраќајни несреќи.

Повеќе информации околу ова возило можете да добиете на (02) 2600 303, на интернет страната на Olympia Motors Outlet или во изложбениот салон кој се наоѓа на Јадранска Магистрала 125, Скопје.