Меѓународниот аеродром во Чикаго, САД се простира на површина од 2610 ha и со самото тоа се наоѓа на 8то место во светот според површината. Има вкупно 8 писти од која најдолгата е со должина со 3962 метри, а исто така има и 5 терминали со вкупно 143 порти. Се до 1998 година овој аеродром според бројот на патници бил најфреквентен, а во последните неколку годининиз овој аеродром поминуваат околу 66 милиони патници годишно. Овој аеродром е изграден во 1942 година и од овој период па се до денес овој аеродром е користен од страна на воздухопловните сили на САД. Исто така овој аеродром е седиште н најголемата американска авио компанија American Airlines како и регионалните авио превозници Air Choice One и United Airlines.

Image result for O'Hare International Airport

Шарл Де Гол е најголемиот и најфреквентниот аеродром во Франција, 8ми во Светот и еден од најфреквентните и секако еден од најголемите и во Европа. Се простира на 3100 ha и е лоциран во Роис ен Франц во близина на главниот град на Франција, Париз. Има вкупно 4 патеки за слетување од кој најдолгата е 4215 метри. Изградбата на овој аеродром започнала во 1966 година и траела цели осум години односно до 1974 кога е и пуштен официјално еден од вкупно 3те терминали. Овој аеродром важи за еден со најдобра инфраструктура како и најдобра сообраќајна поврзаност со блиските градови. Исто така аеродромот Шарл де Гол е аеродром со најмногу изгубениодносно украдени куфери.

Image result for paris airport charles de gaulle

Со само 50 ha помалку во однос на парискиот Шарл де Гол, аеродромот Адолфо Суарез во шпанската престолнина Мадрид е втор по големина во Европа и 6ти во Светот. Годишно го посетуваат околу 40 милиони патници со што влегува и во 10те најфреквентни аеродроми според бројот на патници во Европа. Овој аеродром е седиште на Air Europe и Iberia и фокус-град за Iberia Express, Norwegian Air Shuttle, Pullmantur Air, Ryanair и Vueling. Во 1979 година од страна на припадници на Баскиската група за народнно осамостојување – ЕТА беше поставена бомба која уби 3 лица, а 10тина беа ранети. Во 2006 година исто така во бомбашки напад беа повредени неколку лица, а одговорноста за нападот повторно ја презема ЕТА.

Related image

Меѓународниот Пудинг Аеродром во Шангај е најголемиот кинески аеродром и со 3350 ha втор по големина во Азија веднаш зад Кинг Фахд аеродромот во Саудиска Арабија. Годишно низ овој аеродром поминуваат околу 50 милиони патници и се превезува нешто повеќе од 3 милиони тони товар. Вкупно 10 авиопревозници го користат овој аеродром како матичен и тоа: Air China. China Cargo Airlines, China Eastern Airlines, DHL Aviation, FedEx Express, Juneyao Airlines, Shanghai Airlines, Spring Airlines, UPS Airlinesи Yangtze River Express. На двата постоечки терминали, дневно во просек поминуваат по 140 илјади патници.

Image result for shanghai airport

Со 4200 ha, Меѓународниот аеродром во главниот град на сојузната држава Колорадо, Денвер е вториот по големина аеродром во САД, а исто така и втор во Светот, веднаш зад аеродромот во Далас. Овој аеродром има 6 патеки за слетување, а патеката 16R/34L со 4877 метри е и најдолга. Со 52 милиони патници годишно овој аеродром е 15ти во Светот според бројот на патници и 6ти според бројот на авиони. Овој аеродром е седиште за: Frontier Airlines, Great Lakes Airlines и United Airlines. Интересно за овој аеродром е тоа што голем дел од електричната енергија ја добива преку сонцето односно преку соларните панели инсталирани во близина на аеродромот.

Image result for denver airport