Полицијата во Романија одзема шведски регистарски таблички со ознаки “MUIE PSD”. Причината за ваквиот потег на полицијата е тоа што оваа ознака преведена на романски значи “Е** ПСД” при што ПСД е кратенката на владеачката Социодемократска партија на Романија.

Возилото чиј таблички беа запленети е сопственост на романец кој живее во Шведска. Тој вешто ја искористил можноста за персонализација на табличките во Шведска за да одбере комбинација на букви со која се наведува владеачката партија во Романија.

На интернет, особено социјалните медиуми се појавија бројни коментари со кои се осудува ваквата постапка на полицијата, а портпаролот на Агенцијата за Транспорт на Шведска, Ева Исаксен изјави за романските медиуми дека тие таблички се сосема легални во Шведска и останатите земји од ЕУ.

Сепак, откако беше информирана за тоа што всушност значи преводот, оваа Агенција донесе одлука истите тие таблички да ги суспендира и во Шведска.