Потребен ќе ви биде буџет од 9 милиони евра доколку сакате да го купите најскапиот половен (не олдтајмер) автомобил.

Имено, на еден руски сајт за продажба се појави оглас со кој се продава Koenigsegg Agera RS, произведена 2006 година и тоа по цена од 8.555.555 евра. Во огласот се наведува дека овој модел го има бројот 2 на шасијата што значи дека е втор произведен автомобил од овој модел. При тоа, располага со петлитарски twin-turbo V8 агрегат и до сега има поминато само 878 километри.

Од овој модел се произведени само 25 примероци, а располага со 1.160 КС и постигнува максимална брзина од 457.94 км/ч. При тоа до 400 забрзува за 33.29 секунди.

Доколку планирате да го купите тогаш почнете веднаш со одвојување на парите иако интересот за овој автомобил, токму поради цената и не е многу голем.