Возач на шлепер DAF загина откако со голема брзина се заби во огромен споменик. Како што пренесуваат руските медиуми, од за сега непознати причини, возачот на влезот на градот Новокузнец загубил контрола и удирајќи во споменикот целосно ја уништил кабината.

Од силината на ударот, возачот починал на лице место. Како сето тоа изгледало можете да погледнете на видеото во продолжение кое е снимено од безбедносните камери во близина на местото на несреќата.