Имате голема потрошувачка на гориво? Сакате да ја намалите истата? Во продолжение ви претставуваме 10 совети за тоа како можете да ја намалите потрошувачката на гориво:

  1. Возете со константна брзина, избегнувајте нагли застанувања и тргнувања
  2. Проверете го притисокот во гумите. Недоволно напумпани гуми значително ја зголемува потрошувачката на гориво.
  3. Сменете во поголема брзина кога моторот се наоѓа од 2.000 до 2.500 вртежи во минута.
  4. Не преоптоварувајте го возилото. Поголемото оптоварување значи поголема потрошувачка на гориво и поголеми емисии на штетни гасови.
  5. Ограничете ја употребата на електронска опрема. Поврзаните електрични апарати трошат енергија и гориво.
  6. Отстранете ја целата опрема што не ја користите, како што се шините за покрив и преградите за багаж што произведуваат коефициенти на повлекување.
  7. Исклучете го моторот кога возилото е запрено, на пример во сообраќајни метежи или додека чекате воз да помине.
  8. На автопат кога возите со голема брзина практикувајте прозорците да бидат затворени. Спуштени прозорци во овој случај значи поголема потрошувачка.
  9. Внимателно користета го клима уредот, особено при градски услови.
  10. Точете гориво од проверени бензински станици. Неквалитетното гориво може да значи и зголемена потрошувачка.