Откако пред само неколку дена британскиот производител McLaren го испорача првиот примерок на моделот Senna, познатиот авто магазин TopGear ја имаше честа за премиерен тест.

Овој модел кој го носи името на славниот Аиртон Сена, за прв пат беше претставен во декември минатата година, а саемската премиера ја имаше на овогодинешниот саем во Женева. Производителот McLaren уште тогаш потврди дека ќе бидат произведени само 500 примероци, а почетната цена започнува од 750 илјади фунти.

Супер автомобилот располага со 4.0 литарски V8 агрегат кој продуцира 789 КС, а до 100ка забрзува за само 2.7 секунди што го вбројува овој автомобил како еден од најмоќните автомобили во моментов. TopGear тестот го изврши возејќи на патеката во Есторил (Португалија) и од овој град се упати кон Монако.

Како сето тоа изгледаше, можете да погледнете во видеото во продолжение.