Во пресрет на официјалната премиера и стартот на продажбата, BMW објави тизер видео од моделот X7.

Долго најавуваната X7-ца на германскиот производител како концепт беше претставен на саемот за автомобили во Франкфурт во септември минатата година, а овој модел е замислен како директен конкурент на GLS моделот на Mercedes. Од она што е за сега познато, овој SUV ќе ја носи кодната ознака G07, а во широката гама на мотори ќе биде понуден и 3.0 литарскиот турбо шестоцилиндричен мотор со 340 КС, а тука е и 4.4 литарскиот TwinTurbo V8 мотор со 462 КС.

Премиерата на продукциската изведба на овој модел се очекува да биде одржана на саемот во Лос Анџелес оваа година кога ќе бидат познати дополнителните технички карактеристики и секако почетната продажна цена.