Во последниве години, повеќето производители на автомобили се трудат да ги подобрат своите перформанси за поголема профитабилност. На пример Нисан, го намали своето производство од 20 отсто во Северна Америка, додека Форд планира големи промени за своите пазари во Европа и Јужна Америка.

Сепак брендот Ферари е со најголема добивка од продажба на автомобили во оваа индустрија за првите 6 месеци од 2018 година. Италијанскиот конструктор на суперколи има бруто печaлба од 69 илјади евра од било кој сосема нов автомобил

Гледајќи го германскиот автомобилски пазар, Порше е двојно повеќе профитабилен  од неговите главни конкуренти – Мерцедес-Бенц, БМВ и Ауди. Компанијата со седиште во Штутгарт ужива бруто профит од 17.000 евра по автомобил, во споредба со околу 9.000 евра за другите три брендови.

Истражувањето, исто така, покажува дека за секој нов автомобил, италијанската компанија Масерати заработува 5.000 евра.

Од другата страна на табелата е Јагуар, кој носи само 800 евра по автомобил.

Иако некои производители ги продаваат своите автомобили по цени што не ги сакаме и мислиме, не секогаш значи дека тие прават голем профит. Еден пример е Бентли, кој моментално генерира загуба од 17.000 евра за секој продаден автомобил. Според портпаролот на компанијата, причината за ова е големата инвестиција која моментално ја прават британците во технологијата за електрични автомобили. Ситуацијата е слична на Тесла. Американскиот конструктор по кој “полудеа” сите во САД, ги победи по продажба сите конкуренти во САД, но продолжува да продава автомобили на загуба. Особено – загуба од 11 илјади евра по автомобил.

Во истражувањето не се вклучени Ролс Ројс и Ламборгини чии финансиски извештаи не се објавуваат јавно.