Често при купување на автомобил како дел од опремата се среќаваме со кратенки како што се ABS, VSC, TRC, ESP, BA, HAC и други. Но што всушност тие значат? Во продолжение ќе се обидеме да објасниме што се ABS, TRC и VSC системите значат, како тие функционираат и како се однесуваат автомобилите кои ги поседуваат овие системи.

ABS (Anti-lock Braking System) – Овој систем за сигурност овозможува спречување на блокирањето на тркалата при кочење. Овој систем оневозможува лицето кое го управува возилото да го изгуби контрола над возилото во моментот кога кочи. Од друга страна, недостатокот на ваков систем го зголемува ризикот од блокирање на тркалата со што возачот го задржува смерот на движење и така доаѓа до излизгување на возилото и губење на контрола. ABS-от ја подобрува контролата над возилото при кочење како на суви така и на лизгави површини и го намалува патот на кочење.

Иако на сличен антиблокирачки систем се работело уште во 50те години, сепак за почеток на развојот на современиот ABS се смета 1971 година кога Chrysler го воведе т.н. “Sure Brake” систем во моделот Imperial. Истата година и Nissan станува првиот јапонски производител кој воведува сличен систем именуван како EAL (Electro Anti-lock System) во моделот President. Истата оваа година идентични системи воведуваат и Toyota и Fiat.

VSC (Vehicle Stability Control) – Овој систем попознат со кратенката ESC (Electronic stability control) е компјутеризирана технологија која ја подобрува стабилноста на возилото преку детектирање и редуцирање на губењето на траекторијата. Така со помош на овој систем, на кривина доколку тркалата го изгубат допирот со патот со распоредување на силата за сопирање и прилагодување на вртежите на моторот повторно се воспоставува стабилизирање на движењето на возилото.

Различни производители користат различни имиња односно кратенки за овој систем. Така кај Alfa Romeo тој е именуван како VDC (Vehicle Dynamic Control), кај Ferrari се среќава кратенката CST (Controllo Stabilità), а кај Porsche на пример се користи кратенката PSM (Porsche Stability Management ). Kај некои производители (пр. Audi, Bentley, Dodge, Fiat…) задржана е изворната кратенка ESP.

Според американската национална администрација за безбедност на патиштата, во 2004 и 2006 година дури една третина од сообраќајните несреќи со фатални последици можеле да се спречат доколку се користела оваа технологија. Од 2012 односно 2014 година овој систем за безбедност е задолжителна опрема кај возилата што се продаваат во САД односно Европската Унија.

TCS (Traction Control System) – TCS или TRC (Toyota Traction Control System) како што стои во насловот на оваа статија, е систем кој помага да се превентира вртењето на празно на тркалото при тргнување на возилото кое претходно било во недвижечка позиција. Со овој систем се спречува вртење на “празно” на тркалата особено на лизгав терен односно се спречува моментот кга вртежите се високи, а возилото не се движи.

Со овој систем моторот го детектира движењето на тркалата и соодветно се приспосбува на нив. Моќноста се оптимизира на моменталната состојба на движењето на тркалата. Овој систем функционира оптимално доколку е во комбинација со претходните системи односно VSC и ABS.

Во 1971 година американскиот производител Buick го воведува MaxTrac системот кој е предвесник на TCS системот. Овој систем пак, за прв пат е воведен од страна на Cadillac во 1979 година во редизајнираната изведба на Eldorado.

Повеќе околу функционирањето и за тоа како се однесуваат автомобилите со овие и без овие системи погледнете на видеото во продолжение.