Властите во Швајцарија објавија дека повеќе нема да дозволуваат регистрирање на одредени дизелски модели на Mercedes и Porsche поради превисоки издувни нивоа на штетни гасови.

Со оваа забрана опфатени се SUV моделите на Cayenne и Macan како и Mercedes Vito, а швајцарската агенција за патишта соопшти дека овие автомобили премногу ја загадуваат животната средина, многу повеќе од она што производителите официјално го навеле во документацијата.

Забраната стапува на сила од утре, а се однесува на моделот Vito со 1.6 литарски дизел агрегат, Cayenne опремен со 4.2 литарски V8 мотор како и Macan опремен со 3.0 литарски V6 дизелски агрегат. Сите овие модели од утре нема да може да се регистрираат. Сепак и понатаму и Porsche и Mercedes ќе ги продаваат наведените модели, но со останатите мотори во понудата, што значи дека во целост нема да бидат забранети овие модели.