Уште една трговска војна започна на штета на автомобилската индустрија. По американско-кинеската економска војна која резултираше со зголемени царини за увозот на автомобили, на повидок е нова трговска војна.

Како што соопштуваат турските медиуми, затегнатите американско-турски односи се префрлија на полето на економијата, каде Ердоган веќе јавно потврди дека ќе ја зголеми царината за електронските уреди од САД. Сега потпретседателот на Турција, Фуат Октај објави дека Анкара се одлучила за дополнителни мерки врз основа на реципроцитет со кои се зголемува царината за увоз на автомобили произведени во САД.

Царината за увоз на американски автомобили сега е зголемена за неверојатни 120% кои се додадени на претходно зголеменетата царина. Со овие увозни трошоци, американските автомобили стануваат неконкурентни, а како што пренесуваат турските медиуми, се поизвесно е дека дилерите во земјите ќе прекинат со продажба на овие автомобили.

Претходно САД ја зголеми царината на увоз на челик и алуминум од Турција, додека Турција значајно ја зголеми царината на увоз на алкохол, електроника, тутун и други производи за конзумација.