Јапонскиот производител Toyota објави дека од својата понуда ги повлекува моделите Verso и Avensis.

Првиот модел иако повлечен од најголемиот дел од пазарите во Европа, сега и официјално Toyota објави дека нема повеќе да се продава во ниту една земја. Verso за прв пат се појави во 2009 година, а во овој речиси 10 годишен период овој модел ниту еднаш не беше обновен. Verso беше единствениот компакте MPV во понудата на јапонскиот производител, а сега купувачите ќе имаат можност да се задоволат само со Auris Touring.

Крајот на Avensis доаѓа по точно 20 години успешно производство во Бурнастон (Велика Британија) и одличната продажба во Европа. Причината за одлуката за повлекување на овој модел е лансирањето на моделот Camry во Европа. Овој модел во САД е вистински бестселер во својата класа, а Toyota се надева дека со овој модел во Европа ќе успее значајно да ја зголеми продажбата.

Toyota во моментов работи на целосна обнова на својата гама па така за очекување се уште и неколку други повлекувања.