Очекуваната петта сезона на Формула Е со новата генерација електрични болиди наближува и тимовите гледаат самоуверено во иднината. Со новиот голем чекор во шампионатот тимовите нема да влезат со старите автомобили, кои ги користеа неодамна и сите тие се пуштени во продажба: десетте екипи со по двајца пилоти, од кои секој еден тркач имаа потреба од два автомобила, бидејќи батериите на еден не беа доволни да ја заврши трката.

Четириесет електрични автомобили заверени од ФИА (Интернационална автомобилска федерација) се продаваат по цена од 400.000 евра за секој. Шасијата на сите од нив беше создадена од страна на Spark Racing Technology и батериите беа направени од страна на Williams Advanced Engineering.

За да нарачате некои од моделите, потенцијалните купувачи мора да контактираат со Формула F директно без посредници.